Соработката на Општина Кавадарци со образовните институции е од исклучителна важност за целокупниот образовен процес во нашиот град. Квалитетното образование е клучен сегмент за сигурна иднина на нашите деца.
Денес градоначалникот Митко Јанчев со ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, г –дин Аце Миленковски, потпишаа меморандум за деловна соработка помеѓу универзитетот и Општината, преку кој во иднина во делот на образованието ќе се градат заеднички интереси, цели, активности и практикуми за студенти, но и ќе се придонесе за развојот на нашиот локален туризам.
Ова ќе биде од огромно значење за идните студенти и оние кои ќе сакаат да го продолжат своето образование токму на овој Универзитет.