Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, ст.20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2020 година во Општина Кавадарци, глава IV, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и јавна анкета
по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци
Границата на опфатот е дефинирана:
– од северната страна границата на опфат се движи по осовината на ул. „Рајко Жинзифов”,
– на источната страна границата на опфат се движи по кракот од улицата „Рајко Жинзифов“, односно крак 1 и ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“.
– на јужната страна границата на опфат се движи по осовината на ул. „Домовица“.
– на западната страна планскиот опфат се движи по осовината на улица „Шишка“.
Опфатот е со површина од 3,59 ха.
Јавна Презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за дел од УЕ 4, дел од Блок 4.1 „Рајко Жинзифов“ Тиквеш, Општина Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае 10 дена, од 25.05.2022 до 07.06.2022 година, секој работен ден од 8:00 до 16 :00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 01.06.2022година во 13:00 часот во просториите на Општина Кавадарци (Голема сала).