ОБЈАВА број 2/2022
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за УЕ5, дел од Блок 5.4 Младински КО Кавадарци град, Општина Кавадарци плански период 2020-2025 донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 08-1789/4 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба – Б2 – големи трговски единици со компатибилни класи на намена ( А2 -5%) А3, Б3, Б4, Б5, В2, В3, В4 – мах 40 % согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.