Одбележани 79 години од стрелањето на дванаесетте Ваташки младинци

Одбележани 79 години од стрелањето на дванаесетте Ваташки младинци

Денеска пред споменикот на дванаесетте Ваташки младинци, Градоначалникот Митко Јанчев заедно со членови на нивните семејства, советници од општинското собрание, пратеници и други делегации, достојно ја одбележаа 79 годишнината од нивното стрелање и им оддадоа почит за нивната храброст и непокорност.

Не е ова далечна историја па да ја заборавиме, да ја избришат. Нема! Затоа што во мислите остануваат зверските мачења од бугарскиот фашистички окупатор на дванаесетте ваташки младинци. Затоа што нивните семејства уште се живи и секоја година се потсетуваат на тој кобен 16 јуни. И затоа што ова е еден од најголемите злосторства во времето на Втората светска војна во Македонија.

„Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината”.

Овие зборови се напишани на нивниот споменик да сведочат за овој крвав злочин.

И затоа! Никогаш да не ги заборавиме страдањата кои македонскиот народ ги доживеал во таа четиригодишна окупација и да се гордееме со сите оние борци и сите храбри луѓе што помагале во тие времиња, за слобода на македонскиот народ.

Да не се повтори!

Вечна им слава!