На ден 23.06.2022 година, во просториите на општина Кавадарци, во рамките на проектот ComAct ќе биде отворен Ресурсен центар за енергетска ефикасност. Истиот ќе биде наменет пред се за поддршка на енергетски сиромашните домаќинства кои живеат во станбени згради, со посебен фокус на најранливите групи граѓани, а ќе нуди широк спектар на услуги како што се совети, информации и директни консултации.
Ресурсниот центар ќе работи од 08:00 до 16:00 часот.