ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ

ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ

“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ е слоганот на кампањата за промоција на згрижување која има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во нашата држава.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика и локалната власт, a овозможено од Германското Министерство за економски развој и соработка.

Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.  

Во наредниот период, па се до крај на годината ќе се организираат слични  настани и во други 24 градови низ Македонија, од кои во првото полугодие веќе се одржаа настани во Скопје, Валандово, Гевгелија, Велес, Штип, Битола, а ќе бидат опфатени следните градови во наредниот период –

  • Кавадарци 28ми јуни на Градски плоштад “Маршал Тито”Кавадарци со почеток од 18.30 часот

Настанот кој е од Ваш интерес е во вторник, 28.06.2022 – Кавадарци, со почеток во 18.30, а со времетраење до 19.30 часот.
На истиот свое обраќање ќе имаат Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јованка Тренчевска, како и градоначалникот на о.Кавадарци г. Митко Јанчев. Истите се согласни да дадат и кратки изјави пред започнувањето на настанот.

Настаните првенствено се наменети за сите заинтересирани граѓани со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица граѓаните ќе можат да се информираат повеќе за згрижувањето.  Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка на згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други бенефиции согласно потребите на децата за кои се грижат.

Истовремено по традиција,  со оглед на тоа што на 1ви јуни во нашата држава се обележува и денот на згрижувачите, се оддаде признание  за сите 353 згрижувачи за нивната  посветеност, љубов, добрина, хуманост и за значајната разлика која ја прават во животите на вкупно 527 деца и млади. “

Сите заинтересирани граѓани кои нема да имаат можност да дојдат на некој од настаните повеќе информации како да станат грижувач ќе можат да добијат на телефонскиот број 075 277 477 и веб страната www.zgrizuvanje.mk