Градоначалникот Александар Панов во кабинетот оствари работна средба со Биљана Минчева-Шукарова ќерка на кавадаречкиот револуционер Никола Минчев.
На средбата беа разменети мислења и идеи во пресрет на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Никола Минчев. Свечената академија во чест на големиот патриот ќе се одржи на 2 ноември во Кавадарци во големата сала на Домот на Културата „Иван Мазов-Климе“.
На средбата присуствуваше и Петре Камчевски диеркторот на Музеј-Галерија Кавадарци, институција која е задолжена за реализацијата на настанните со кои општината Кавадарци ќе се оддолжи кон ликот и делото на Минчев.
Градоначалникот Панов после средбата посочи дека Никола Минчев, член на президиумот на АСНОМ и , првиот македонки министер за образование заслужува родниот град да му се оддолжи на соодветен начин.
„Никола Минчев“-истакна Панов, „со својот лик и дело на само како револуционер и антифашист, го задолжи родниот град и Македонија и како истакнат стопанственик. Творец на идејата во Кавадрци да се изгради топилницата за фероникел „ФЕНИ“ и да се отвори рудник за николоносна руда во Р‘жаново. И покрај сите анатеми кои во минатиот систем ја следеа оваа фабрика, сепак по нејзината приватизација денеска компанијата „ФЕНИ Индустри“ е светки позната фирма која е четврти производител на фероникел во светот и двигател на Кавадаречкото стопанство и македонската економија. Овој податок сам посебе го потврдува визионерството на Минчев чии лик и дело посебно во економијата се инспирација и на денешните истакнати кавадаречки стопанственици и бизнисмени“.
Биљана Минчева-Шукарова се заблагодари на укажаното гостопримство и одвоеното време, притоа посочувајќи дека за неа и фамилијата Минчеви е голема чест и Признание што градоначалникот и општината ќе го одбележат значајниот јубилеј 100 години од раѓањето на Никола Минчев.