Деновиве во Кавадарци во работна посета беше генералниот директор на Синалко Интернационал Монги Гунди. Со преставниоците на ова светска компанија и реномиран бренд ги посетија капацитетите на главниот производител дистрибутер и застапник за Македонија на Синалко пијалаците. Притоа тие изразија големо задоволство од досегашната работа на компанијата „Кожувчанка“ која успешно ја развива приказната на Синалко која трае многу години.
Градоначалникот Александар Панов имаше имаше средба со Монги Гунди генералниот менаџер на „Синалко Интернационал“ воедно и главен преставник на брендот „Синалко“. Во делегацијата беше и Митко Јанчев генералниот менаџер на брендот „Синалко-Кожувчанка“
„Оваа посета на генералниот менаџер на Синалко е од многу важна. После три години во посета на Синалко и Кожувчанка и на Кавададарци дојде генералниот менаџер на Синалко Интернационал. Продискутиравме за некои работи поврзани со развојот на Кавадарци и Синалко, со потсетување на она што беше пред три години и на она што е денеска. Директорот ме запозна со неговите планови посебно за влез на други пазари. Кавадаречкото „Синалко“ е веќе присутно на Црногорскиот пазар. Поддршка која директорот Гунди и ја дава нашата Регионалана стопанска комора, како и на „Кожувчанка-Синалко“ со господинот Митко Јанчев, е комплимент и за мене затоа што ова фирма и Јанчев се дел од Кавадарци. Разговаравме и за неколку други теми кои имат за цел продлабочување и унапредување на нивниот бизнис тука и надвор од Македонија истакна Панов.
ГенералниКоот директор и менаџер на „Синалко-Кожувчанка“ Митко Јанчев вели дека Синалко како секоја година и сега се стреми кон поквалитетни но и нови производи. По три години нашата фирма добива посебни привилегии во фамилијата на Синалко Интернационал. Конкретно сега се здобиваме со статус на премиум партнерство. Се надеваме ќе продолжиме со тенденцијата на пораст и развивање на нови видици дополни Јанчев.
Генераниот директор на „Синалко –Интернационал“ Монги Гунди вели дека во компанијата се задоволни од соработката со Синалко-Македонија. При посетата со тимот кој го предводи се запознале со прогресот во компанијата Кожувчанка и Синалко во Кавадарци.