ОДЛУКА за избор на кандидат за унапредување интерен оглас бр.01/2023

ОДЛУКА за избор на кандидат за унапредување интерен оглас бр.01/2023

Врз основа на член 48, член 52 и член 53 од Законот за

административни службеници ( “Сл. весник на Р.М.” бр. 27/14, 199/14, 48/15,

154/15, 5/16, 142/16, и 11/18 и “Сл. весник на Р.С.М.” бр. 275/19, 14/20,

215/21 и 99/22), Правилник за формата и содржината на интерниот оглас,

начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на

спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот

на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на

селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен

интерниот оглас, (“Сл. весник на РМ”, бр.11/15 и 35/18 и “Сл. весник на РСМ”

бр.303/20),

Секретарот на Општина Кавадарци, донесе

О Д Л У К А

за избор на кандидат за унапредување

I. Во врска со интерниот оглас бр.01/2023 за унапредување на

административен службеник во Општина Кавадарци, објавен на ден

12.01.2023 година на интернет страниците на Агенцијата за администрација

и на Општина Кавадарци,

за работно место- со шифра ИНС 01 01 В04 001- Помлад Комунален

инспектор, Одделение за инспекциски надзор,………………..1 (еден)

извршител,

СЕ ИЗБИРА кандидатот ВЛАТКО РИСТОВСКИ.

II. Одлуката за избор за унапредување се објавува на интернет

страницата на Општина Кавадарци.