ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/23 за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци

Врз основа на член 17, 17-а 17-б, 17-в, 17-г 17-д, 17-ѓ, 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, … 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а врска со Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите, како и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија  (,,Сл.весник на РСМ“ бр.283/22) ,

Советот на Општина Кавадарци распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на Надзорен одбор за контрола на материјално –финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци

бр.01/23

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЈАВЕН ПОВИК 

Предмет на Јавниот повик е избор на  еден член на Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавно претпријатие за превоз на патници ,,ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ“ Кавадарци од областа на финасиското работење, со мандат до истек на мандатот на членовите именувани со Решение со арх.бр.08- 3766/2 од 14.06.2022 година (,,Сл.гласник на Општина Кавадарци,, бр.16/22).

Јавното претпријатие за превоз на патници ГРАДСКИ ПРЕВОЗ КАВАДАРЦИ Кавадарци со седиште на ул.,,Маршал Тито“бр.2 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на јавниот превоз на патници и превоз на ученици со основна дејност согласно НКД 49.39 – друг патнички копнен транспорт, неспоменат на друго место, со веб страна www.gpk.mk.