Во пресрет на денот на дрвото 2015

Во пресрет на денот на дрвото 2015

Под мотото „Садиме заедно за нас“ утре во Макеоднија ќе се реализира уште една акција „Ден на дрвото“. Ќе се пошумува на повеќе локации, а денеска во пресрет на акцијата се садеа садници пред новиот храм во Кавадарци посветен на Света Петка. Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов како вовед во акцијата засади дрво „Јапонска цреша“заедно со  претставниците на фондацијата „Ден на дрвото“ ЈП „Македонски шуми-Бор“, претседателот на одборот за градба на црквата Митко Јанчев како и свештеници од МПЦ повардарска епархија- храм Кавадарци.Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани утре да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес во подигнувањето на нови шуми.

„Ние денеска ова го правиме симболично, а утре цела околина на Кавадарци ќе биде засеано со нови садници. Апел до сите граѓани да го искористат утрешниот неработен ден и да засадат барем едно дрвце. Кавадарци има 35.000 жители и ако секој засади само по едно е сосема доволно,  и тоа ако се мултиплицира со многу години ќе добиеме многу поразлична слика. Овој наш рид Љубаш некогаш бил со дабова шума, но поробуивачите на Македонија и Кавадарци  безмилосно ја сечеле и продавале во Европа. Така да таа неправда во минатото имаме обврска да ја надоместиме за сите ониешто доаѓаат после нас, бидејќи земјата ја позајмивме од нив.“ рече градоначалникот Панов.

Професорот Томе Лисичанец е одговорен за реализација на акцијата во Кавадарци. Оценува дека досега одржаните акции го даваат очекуваниот резултат.

„Во утрешниот ден ќе бидат опфатени локации кои и во минатите години беа застапени, Калница од каде се напаѓа градот со порои, околу новите хидроцентралки ќе има извесни површини за заштита на цевоводите и на централите, Тисовец над Возарци и Фени и дел од Сирково. И покрај многуте критики мислам дека успешноста на акциите  е многу голема. Младите ги подигаат тие шуми за својата иднина, а родителите за своите деца. Тие што сега подигаат шуми нема да бидат нивни уништувачи“ рече професорот Лисичанец.

Во Кавадарци утрешната акција ќе се реализира со целосна логистичка подршка од „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци. Според оперативниот план изготвен утре ќе се сади на следните локации: „Велова чешма“ кај селото Мрзен Ораовец, потоа на „Калница“ кај Ваташа, месноста „Тисовец“ и кај „Моклишкиот манастир, по трасата на 5 мали хидроцентрали

„Според проекцијата која е првидведена за Кавдарци ќе се пошуми површина од 50 ха. ЈП Македонски шуми со своите вработени активно ќе се вклучи во акцијата. Нешто повеќе од 200 илјади садници од различни видови ќе бидат посадени во текот на утртешниот ден“ рече претставникот на Македонски шуми.

На територијата на општина Кавадарци во акцијата треба да бидат засадени вкупно 146.000 садници  на дрва од видовите багрем, јавор, јасен и чемпрес.

Благослов за акцијата дадоа и свештениците од МПЦ.

Организирано во акцијата ќе учествуваат ученниците од средните училишта, Локалната самоуправа и граѓанството. Основните училишта на денот на дрвото ќе работат во училишните дворови додека средношколците од Гимназијата ќе садат дрва на голините на „Тисовец“, од земјоделско шумарското училиште во месноста „Калница“, каде е предвидено дрвја да садат и граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата, додека учениците од индустриското ќе садат дрвја кај селото Мрзен Ораовец.

Вработените од Локалната самоуправа акцијата ќе ја спроведат со садење дрва на трасата од цевководот за мини хидроцентралите кај Моклишкиот манастир.