Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско – корисна работа

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кавадарци , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 15.08.2023 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Креирање можности за работа за сите”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување на позицијата личен асистент за средношколци со попреченост.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)  

– млади лица до 29 години  

– лица корисници на гарантирана минимална помош

– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

– жртви на семејно насилство

– самохрани родители

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место : Личен асистент во средно училиште со следниве работни задачи:

– Пружење на помош на децата со инвалидитет за извршување на секојдневбните обврски во училиштето

– Придружба на децата до училиштето и враќање до дома по завршување на часовите

-Придружба на учениците за време на училишните одмори

-Пружење помош на децата во спортските активности на часовите по физичко образование

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

-соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;

 

Позиции за работно место : 5 позиции  

Потребни квалификации и занимања за Работно место личен асистент во средно училиште: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Кавадарци, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, со Завршено средно образование.

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување-Кавадарци во периодот од 15.08 .2023 година до 23.08.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кавадарци и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Каваадрци кај лицето Марија Камчева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци кај лицето Рада Нешковска  Центар за социјлна работа -Кавадарци кај лицето Сузана Димкова.