Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци

Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци

Врз основа на член 36 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на РМ,, бр.05/02), а во врска со член 23 став 3 од Законот за угостителска дејност (“Сл.весник на РМ“ бр.64/04.. ……..71/16 и “Сл.весник на РСМ“ бр31/20) член 132  став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.гласник на Општина Кавадарци”бр.8/05/21…75/21),

Советот  на Општина Кавадарци на 31-та седница одржaна  на ден  29.08.2023 година,  донесе

 

О  Д  Л  У  К  А

за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Кавадарци за време на одржувањето на манифестацијата Традиционален фестивал ,,Гроздобер 2023“

 

Член 1           

            Работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кавадарци, утврдено во член 23 став 1 точка1,2,3,4,5 и 6 од Законот за угостителска дејност, во деновите 08,09 и 10.09.2023 година за време на одржувањето на манифестацијата “Традиционален Фестивал Гроздобер 2023 “ се продолжува за два часа.

Член 2 

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето , а ќе се објави во “Службен  гласник на Општина Кавадарци“.

           

 

 

Бр.08-5302/18                           СОВЕТ  НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ 

29.08.2023 година                                              Претседател,

К А В А Д А Р Ц И                                        д-р  Стојанчо Рамов