Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Секоја година во еден од работните објекти на градинката се пали василичарскиот оган околу кој дечињата ги пеат песните преку кој бараат од Василе да се сили здравјето, лозјето и домот. И оваа Василица најмладите од детската градинка Рада Поцева Кавадарци беа доследни и верни на традицијата. Околу оганот во дворот на работниот објект Изворче се радуваа дечињата од средната и големата група. Ги пееја песните си посакуваа убави желби. Радоста со нив и годинава ја сподели градоначалникот Александар Панов придружуван од претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм, советникот Анита Гинова Каракутова и секретарот Ќире Делов. Засладени од скромните подароци од гостите,  денеска тие повторно му се радуваа на василичарскиот оган. Дел од нив целосно препуштени на Василица на себе ги имаа и маските карактеристични за џаламарите, па ја искористија можноста трчајќи оголу оган да ги избркаат и злите духови.

Градоначалникот Александар Панов истакна дека  традицијата на детската градинка на Василица да се собираат околу огнот е вистинскиот начин од најмали нозе децата да се запознаваат со православната христијанска традиција и корените на своите родители и предтци. Општината безрезервно ја поддржува оваа традиција и начинот на воспитување на младите генерации.

За директорката на кавадаречката градинка Снежана Ганчева традициите се дел од навиките на кој децата се учат од мали нозе, а оваа установа 3 местото каде таа се почитуваат и негуваат со години. Не само за Василица градинката е верна на сите православни празници и иницијатор дечињата освен модерните методи на образование да ја следат и древната традиција на македонскиот народ, потенцира Ганчева.