Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара. Со овој чин симболично свештениците од МПЦ ќе го извршарт светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци, со што се става крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици.
Претходно како вовед во чинот на потопувањето на крстот МПЦ во црквите извршува света литургија за Богојавленскиот водосвет. Во Кавадрци за прв пат богослужба за Водици ќе има и во новата црква Св.„ Преподобна Параскева“-Петка. Свештените лица во вторник на 19 јануари ќе имаат свечени литургии во старата црква Св. „Димитрија“ и во новата Св. „Петка“.
Веднаш после литургијата во базенчето на црквата Свети Димитрија ќе се изврши водосвет на водата, а крстот со литија по улиците „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ и „7 Септември“ ќе се упати кон реката Луда Мара.
За прв пат кон мостот кај Јаворот ќе се упати и литиа од новата црква која ќе се движ по улиците од Новата црква Св.Петка по дел на бул „Вељко Влаховиќ“- бул “Никола Минчев“ -Бул.„Македонија“ –ул „Блажо Алексов“ до мостот на ул „7-Септенмври“.
МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2016 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.
Традиционално Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште, таму крстот ќе се фрла во 12:00 часот.