Централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици во организација на МПЦ-ОА во Кавадарци по семи пат се одржа намосто кај Јаворот. По шест обиди во изминатите години, седмо скокање по светиот крст беше среќно за шеснаесет годишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци. Тој усепа да го извади светиот крст од водата на реката Луда Мара.
„Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Стефан Ѓорѓиев“ .
Ѓорѓиев од локалната самоуправа доби ЛЕД тв приемник, а сите кои скокаа по крстот добија бањарки подарок од општината Кавадарци
Подароците им ги врачи секретарот на општина Кавадарци Ќире Делов кој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление. „Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе“ рече Делов.
На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија, а за прв пат годинава и во новоизградената црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката каде присуствуваа голем број верници.
Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.
Голем број верници годинава присуствуваа на богојавленскиот водосвет на водата во брана Моклиште кај Ваташа. Осум момчиња скокнаа по осветениот крст, а меѓу нив најсреќен прв да доплива беше четиринаесет годишниот Јован Гогов. Тој и минатата година ја имаше истата среќа. Им посака здравје и среќа на сите граѓани. „Радосен сум што и годинава успеав да го фатам светиот крст. Ова ми е второ фрлање по крстот и ме послужи среќа. Посакувам здравје и среќа на сите“ рече Гогов.
Од локалната самоуправа Кавадарци за подарок доби телевизор, а подароци доби и од други спонзори на манифестацијата.
Организаторот одлучи награда, рачен часовник да му додели и на Ѓоке Стојанов кој беше втор во пливањето по светиот крст.
Света лутургија претходеше на чинот на потпоување на богојавленскиот крст и во црквата “Св Богородица“ во Ваташа.