ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува ЈАВЕН ПОВИК  БР. 1/2016

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2016

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за прифаќање на проектот обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци бр.07-2695/11 од 17.06.2014г. и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за прифаќање на проектот”Обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективно домување” бр. 08-949/11 од 26.02.2016г. од Совет на Општина Кавадарци и член 5 од Правилникот за одредување на критериумите и условите кои треба да се исполнат за имплементирање на мерките за обезбедување подршка во подобрувањето на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува

ЈАВЕН ПОВИК  БР. 1/2016

За прибирање на барања за остварување на правото за реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци

  1. Проектот опфаќа подршка во поставување на термоизолациони фасади и кровни конструкции на станбените згради за колективно домување во насока на подобрување на животниот стандард на семејствата со ниски примања кои живеат во згради за колективно домување, како и за подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергијата.
  2. Средствата во висина од  25% од вкупниот износ од заедничките делови од станбена зграда за колективно домување, за секоја одобрена апликација ќе бидат доделени во форма на субвенција од страна на општината. Средствата за овој повик за сите апликации, изнесува  800.000 денари и ке се обезбедат од Буџетот на Општина Кавадарци Програма ГА конто 463.190.

3.   Право да аплицираат по проектот имаат:

 

  • стабнени згради за колективно домување на територијата на Општина Кавадарци
  • станарите кои обезбедиле согласност за учество  во проектот од минимум  51% од вкупниот  број на станари што живеат во таа зграда
  • Станбени згради во кои што 51% од станарите сопственици на посебните делови се согласни да учествуваат  во проектот, под условите опишани во точка 5 од јавниот повик

 

4.   Услови кои станбените згради треба да ги исполнуваат

  • подготвеност да учествуваат во програмата
  • способност за исплата на ХАБИТАТ заемите, која ке биде утврдена согласно утврдените критериуми
  • подготвеност за прифаќање на конкретните проектни критериуми на ХАБИТАТ Македонија односно превземање на обврска за овозможување на проверката на условите на домување и на приходите во секое семејство поединечно

 

5.   Услови на заемот:

  • Средствата од страна на Хабитат во висина од 75% од вкупно прифатливите трошоци ке бидат обезбедени во форма на заем
  • 5 % каматна стапка
  • 7г. рок на исплата
  • 25%  субвенционирање од страна на Општина Кавадарци-Локална Самоуправа кои ке бидат доделени во форма на грант дирекно на Хабитат
  • Општина Кавадарци ке го одобри проектното решение за изгледот на Фасадата

Листа на потребна документација која што апликантот треба да ја достави

–         Пријава- образец со потпишан од претседателот на заедница на станари или претставник на станарите

–         Имотен лист со кој се потврдува сопственоста стамбениот простор

–         Согласност за прифаќање на на условите од повикот  (за секој станар посебно)

–         Согласност за учество во проектот потпишана од станарите сопственици на најмалку 51% од површината на стамбениот простор на зградата

НАПОМЕНА:

Пријавите кои не исполнуваат условите  нема да бидат разгледани .

Станарите на зградите чии пријави се одобрени ќе склучат договор (секој посебно) за заем со УСАИД и ХАБИТАТ, под условите на овој повик .

Договорите за заем ќе бидат во износ усогласен со големината на станбената површина која што ја користи сопственикот на станот .

Комплетната документација ке биде разгледана од страна на Комисијата за имплементација на мерките за обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци.

Потполнетите пријави заедно со комплетната документација за учество во проектот да биде доставена до архивата на Општина Кавадарци – Локална Самоуправа со назнака за Комисијата за имплементација на мерките за обезбедување подршка во подобрување на енергетската ефикасност во колективното домување во Општина Кавадарци најдоцна до 10.03.2015 година

Барањето за остварување на правото за реконструкција на станбената зграда се поднесува на образец кој ке биде објавен на веб страната на Општина Кавадарци. На веб страницата на општина Кавадарци ке биде објавен и образецот  за согласност за учество во проектот потпишана од станарите сопственици на најмалку 51% од површината на стамбениот простор на зградата.

Резултатите ќе бидат објавени на интернет страната на Општина Кавадарци

За дополнителни информации можете да се се обратите во општина Кавадарци соба бр. 9 или на емаил: dcolakoski@test.kavadarci.gov.mk

 

Правилник за ЕЕ станбено домување

Согласност за учество