Се повикуваат граѓаните на Општина Кавадарци на кои ниските температури што ја зафатија Општина Кавадарци во периодот од 26.04.2016 до 28.04.2016 им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски посеви, истата да ја пријават во просториите на Општина Кавадарци.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот во периодот од 04.05.2016 заклучно со 11.05.2016 (среда) во просториите на Општински центар за услуги во Општина Кавадарци или на телефонскиот број 043/416-145. Лице за контакт во Општина Кавадарци за пријавување на штетите Стефанија Стоева .
Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од тренсакциона сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист)
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Дипл.прав.Александар Панов