ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗЕВИ

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗЕВИ

Почнувајќи од денеска со работа започна Општинската комисија за проценка на штетите кај земјоделските култури предизвикани од пролетните мразеви.

На повикот од градоначалникот и општината, во предвидениот рок земјоделските производители доставиа 79 барања за оштетени овошни и лозови насади. Најмногу пријави 44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. Вкупно 44 барања за увид на самото место. 22 барања се однесуваа на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваа за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец.

Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевки претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.

Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадрци.

По завршувањето на оваа постапка општинатаусвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии.