Општина Кавадарци со свечена седница на Советот на Општината, денеска на 7 Септември ќе ја одбележи 72 годишнината од ослободувањето. Свеченостите започнаат претпладнето кога делегации од општината, сојузот на борци и почитувачи на придобивките од НОБ, делегации на политичкиот и културниот живот предводени од градоначалникот Александар Панов ќе положат букети свежо цвеќе пред споменикот на слободата и револуцијата на градскиот плоштад. Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ вечер со почеток во 19:30 часот ќе се одржи Свечената сеница на Советот, со свечена академија. Пред присутните свое обраќање ќе има градоначалникот Александар Панов.
На свечената седница ќе се доделат и признанијата на годинашните добитници на највисокото општинско признание, наградата „7 Септември“. Со одлука на Советот на општината лауретаи за 2016 година се: Академик Глигор Чемерски-постхумно, како знак на општествено признание за посебен придонес во уметноста, примариус д-р Бранко Поповски за посебен придонес во здравството и Благој Пешиќ за постигнувања во развојот на стрелаштвото. Советот ги награди со плакета и диплома „7 Септември“.
На свечената академија во чест на празникот на градот во културно уметничкиот дел ќе настапат репродуктивните уметници: Силвана Чулева-Атанасова на флејта, Емилија Кабранова-Филипова клавир и Лазар Соколов кларинет. Овие истакнати репродуктивни уметници ќе се претстават со популарни класични дела на од странски и домашни композитори.