За прв пат годинава Градоначалникот Александар Панов и општината Кавадарци го променија пристапот и профилот на наградата која традиционално се доделува на почетокотод годината. Годинава тие го проширија бројот на оние граѓани кои добија награди и признанија како заслужни за придонес и афирмација на нивната професија и личност во разни области во градот.
Градоначалникот Александар Панов во кабинетот прими деветмина кавадарчани кои со својот ангажмани и пристап кон работата оставија своевиден белег во неколку област од општествениот живот. Тој ги прими 9-мината кавадарчани кои ги награди со рачен часовник. Признанијата ги добија: најмладиот и највозрасниот редовен читател во Библиотеката Фетик, Маричка Димова и Марија Лазова. Пожарникарот Митре Витанов. Од образованието наградата или поризнанието отиде во рацете на Елизабета Филипова. Наградени беа: ликовниоит уметник и педагог Кирил Мукаетов, полицаецот Зоран Ѓорѓијоски, врабнотениот во ЈП„Комуналец“ Енвер Муниши, студентот Билјана Костова која во меѓувреме и се вработи во АД „Гоце Делчев-Тиквеш„ и спортистот Петар Ангелов-Диви„-познат ракометен голман.
„Ова го правиме за првг пат и сметаме дека е добро, бидејки опфаќаме наши граѓани ангажирани во повеќе области во животот на градот. Се работи за личности кои на предлог на Синдикатот, менаџементот, или по наше согледување во текот на ланската година дале личен придонес за афирмацијата и развојот на градот Кавадарци“, рече градоиначалникот Александар Панов.
На средбата во пријатен разговор Панов размени мислења со најдобрите, слушна и по некоа барање за негова интервенција, се интересираше за функционирањето на дејностите од каде доаѓаат наградените и посака да остваруваат уште подобри резултати во работењето.