ДРВЕНА БОЧВА ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКУВА ПАТНИЦИТЕ НАМЕРНИЦИ

ДРВЕНА БОЧВА ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКУВА ПАТНИЦИТЕ НАМЕРНИЦИ

Кавадарци доби бочва како еден од симболите на градот. Општината во вторникот на 7 февруари во средината на новиот кружен тек на улицата „Западен Булевар“ постави дрвена бочва која во иднина ќе ги пречекува патниците намерници потсетувајќи ги на вековната традиција на градот и регионот,

Се работи за дрвена бочва донација од Винарската визба „Тиквеш“, која е сместана на бетонски постамент во средината на новиот кружен тек. Оргиналната дрвена бочва од винскиот подрум на „Тиквеш“ има зафатнина од 9 000 литри, со димензии 3 х 2,5 х 1,5 метри, со тежина од близу 2 000 килограми. Бочвата е специјално репарирана да може на подолг временски период да одолее на временските прилики. Во вечерните часови новиот симбол на градот ќе биде амбиентално осветлен.

Новото градско обележје се поставува во пресрет на празникот на лозарите „Св. Трифун“-14 февруари. Истата е поставена на важна сообраќајница низ која се одвива регионалниот сообраќај од правец на Скопје преку Росоман, како и од Неготино кон Прилеп и обратно. Заедничката идеја за поставување на овој симбол произлезе од Секторот за Локален економскиразвој во општината и претставниците на ВВ „Тиквеш“ кои се дел од основачите на Кластерот за Вински туризам во општината Кавадарци.