ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЗБРАТИМЕНАТА ГРАДСКА ОПШТИНА „ПАНТЕЛЕЈ“-НИШ Р. СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЗБРАТИМЕНАТА ГРАДСКА ОПШТИНА „ПАНТЕЛЕЈ“-НИШ Р. СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА КАВАДАРЦИ

Општина Кавадарци и градската општина Пантелеј од  Ниш – Србија ја продлабочуваат соработката во делот на културата. Денеска на прием кај градоначалникот Александар Панов беа претставници од оваа општина. Воедно се одржа и состанок помеѓу директорите на две основни училишта, едно од Кавадарци и едно од Пантелеј за понатамошна соработка.

„Пред неколку месеци бев во Пантелеј да ја потпишам повелбата за збратимување и еве сега ги интензивираме тие побратимски и пријателски релации. До општина Пантелеј упатив покана да ни бидат гости на овој свечен ден за Кавадарци и упатувам благодарност за тоа што дојдоа. Разговараме за првите чекори за воспоставување на културните релации помеѓу двата града и се надевам дека следниот состанок ќе биде за предностите на двете општини и да направиме линк помеѓу двете стопанства за да си го најдеме заедничкиот интерес. Денеска имаме средба на двајца директори на основни училишта. “ рече градоначалникот Александар Панов.

Задоволни од соработката со општина Кавадарци се и гостите од Пантелеј. „Ние сме веќе една година во овој процес на соработка со еден братски пријателски народ со кој ние навистина сакаме да соработруваме., Прво што сакаме е да воспоставиме врски во делот на културата, може и спортот а покасно и контакти со бизнис заедниците на двете општини. Тука е и лозарството. Ние сме познат крај по лозарство уште во поранешна Југославија. Вие гледам сте не надминале но се надевам дека ќе ве стигнеме“ рече претставник од  општина Пантелеј.