ПРИВРШУВА САНАЦИЈАТА НА ГРАДСЈИОТ СТАДИОНИ СЕВЕРНАТА ТРИБИНА

ПРИВРШУВА САНАЦИЈАТА НА ГРАДСЈИОТ СТАДИОНИ СЕВЕРНАТА ТРИБИНА

Општината Кавадарци после превземањето на Градскиот стадион, систематски работи на санирање на инфраструктурата. Деновиве во завршна фаза се работите околу поставувањето на дрвени седишта на северната тибина. Претходно оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарциизврши санација на рушениот ѕид на спојот меѓу источната и северната трибина, апотоа беа санирани големите оштетувања на бетонот на просторот за седење. По таа санација се пристапи кон поставување на дрвените седишта. Со овој зафат во многу се подобриа условите за следење на натпреварите на ГФК „Тиклвеш“. Овој зафат се финансира од програмата за комунална изградба, а парите се од општинскиот буџет.

Во посета на објектот беше градоначалникот Александар Панов. Тој изрази задоволство од квалитетот на работата, а посетата ја искористи во присуство на медиумите да потсети дека Општината под негово водство континуирано вложува во подобрување на инфраструктурата во спортот. Панов нагласи дека во периодот 2013-2017 според Програмата за сопорт и млади, од опшптинскиот Буџет, се обезбедени вкупно  15.200.000 денари. Од овие сретства на спортските клубови и здруженија се исплатени 11.180.000 денари. Останатите се вложени во проекти, турнири и манифестации.