Врз основа на член 22 став 1 точка 3 од Законот за Локалната Самоуправа ( ,,Сл. Весник на РМ,, бр.05/02)Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува:
Ј А В Е Н П О В И К за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот
Општина Кавадарци со цел да го промовира и зајакне работењето на Секторот за Локален Економски Развој ги повикува да изразат интерес, сите лица од Општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)
– Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1
– Познавање во изработка на проектни апликации
Заинтересираните кандидати да ги достават следниве документи :
– Кратка биографија
– Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)
Пријавата заедно со бараните документи да се достават во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Фебруари 2018 година до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.
По разгледување на пријавите кандидатите ке бидат повикани на разговор.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
М-р Митко Јанчев