АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Неговата Екселенција, Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија господинот Ласло Иштван Дукс.

Ова е прва средба на градоначалникот Митко Јанчев со Неговата Екселенција  Дукс, кој во Кавадарци пристигна во придружба на економскиот советник во унгарската амбасада г-дин Ервин Сел.

По завршувањето на првата работна средба на градоначалникот на Кавадарци со амбасадорот на Унгарија, Јанчев и Дукс, дадоа изјави за јавноста.

Градоначалнуикот Јанчев истакна дека денешната средба минала во исклучително пријателски и конструктивен разговор. Од негова страна го запозна гостинот од Унгарија со географскте карактеристики,  и стопанско економските потенцијали на Општина Кавадарци. Јанчев притоа истакна дека општината е меѓу водечките во Македонија по економските можности и отворена за соработка со сите пријатели и потенцијални деловни партнери. Градоначалникот посопчи дека од Унгарија посебно Будимпешта има што да се научи за екологијата и заштитата на водите, а токму идната прочистителна станица за отпадни води беше и тема на разговор на средбата.

Неговата Екселенција амбасадорот Ласло  Дукс посочи дека  средбата со градоначалникот Јанчев била исклучително плодна. Тој добил директни и многукорисни информации за  економските можности на општината. Смета дека лозаровинарскиот карактер на Кавадарции регионот, се добра можноста за идна соработка со сличен регион во Унгарија, која исто како и Македонија има развиено лозаро винарство. Особено се атрактивни  можностите за соработка на тоа поле, ако и во развојот на винскиот туризам.