ПОДЛОГА ЗА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци работи на  изготвување подлога на дел од тротоарот на улицата „Ѓоре Брушански“ каде согласно програмата за комунална изградба на општина Кавадарци треба да се  постават бекатон коцки.

Станува збор за зафат  на површина од 370м2, за што општината ќе инвестира 450.000 денари пари од сметката за комунална изградба.