Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ започна со редовното крпење на ударните дупки.
Со оваа кампања ќе бидат санирани оштетувања на улиците во Кавадарци на вкупна површина од 800м2.
Акцијата ќе биде спроведена на повеќе улици низ градот, со што ќе се „закрпат“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде има и најголем интензитет на сообраќај.
Општината за оваа намена ќе инвестира 720.000 денари од буџетот, а по санирањето на оштетувањата на асвалтот од градските улици кој настана во зимскиот период, општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.