Општина Кавадарци во рамките на програмата за екологија има предвидено и пошумување на еродираните површини. Особено внимание во овој дел се посветува на озеленувањето на поројниците во сливното подрачје на реката Луда Мара.
Во тој правец градоначалникот м-р Митко Јанчев покрена иницијатива за спроведување акција на пошумување на поројницата „Ѓуров дол“ чие сливно подрачје опфаќа површина од 46 хектари, а се наоѓа на ридот веднаш над Домот на културата во село Ваташа.
Градоначалникот Јанчев за денешната акција вели дека е само поочеток на поголем зафат со кој ќе се создадат предуслови за пошумување на поголемо пространство голини. Ерозијата од нив прави проблеми на жителите до Ваташа. Со ова пошумување, додава Јанчев, општината и Македонски шуми ќе создадат зелен појас којво иднина треба да го озелени и култивира овој деградиран терен и да ја сперчи ерозијата на теренот.
Партнер на општината во акцијата за пошумување на овие голини е ЈП „Македонски шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци чии вработени денеска ја започнаа акцијата која ќе се одвива во наредните неколку денови со крајна цел во оваа фаза да се пошуми 1 хектар од оголениот терен.
За текот на акцијата зборува Маре Васова помошник директор при дирекција ЈП „Македонски шуми“.
Согласно планот, овој простор целосно би требало да биде пошумен до крајот на 2019 година. Очекувањата се дека оваа акција за пошумување на голините над селото Ваташа пред се ќе ги заштити имотите на жителите од овојдел, а ќе се обезбеди и трајна заштита на земјиштето од ерозија.