Оперативата на фирмата „Градба промет “од Кавадарци интензивно работи на изградбата на новиот кружен тек кај спојот на улицата „Блажо Алексов“ со Булевар „Видое Смилевски“.
Градежната механизација на изведувачот изврши тампонирање на дел од подлогата на една коловозна лента. Во оваа фаза од изградбата се профилира и втората коловозна лента, а полека се надзираат и контурите на идниот кружен тек.
На сегашната раскрсница кај мостот „Белка“ ќе се формира кружен тек со рабници. Согласно проектот на овој потег беше извршено вадење на стариот асвалт, се изврши спроведување подземна инсталација на сите надземни кабли, а откако ќе завршат подготвителните работи ќе следува поставување два слоја на нов асвалт.
Со ова ново сообраќајно решение ќе се подобри безбедноста во одвивањето на сообраќајот на возилата и пешаците во овој дел од градот кој претставува источен влез на градот од правецот на Неготино.