ИСПИШАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИОТ СЕМАФОР

Општина Кавадрци преку Јавното претпријатие „Комуналец“ работеше на испишување на хоризонталната патна сигнализација на семафорите кај раскрсницата на булеварот „Никола Минчев“ со булеварот „Македонија“.

Паралелно со исцртувањето на „зебрите“од пешачкитепремини, се исцртуваа и линиите кои го покажуваат правецот на движење на возилата.

На оваа позиција оперативата на фирмата работеше на поставување бекатон коцки на пешачките острови.

Овие две позиции се практично завршна фаза од изградбата на комплетното ново семафорско сообраќајно решение, второ во новиот центар на градот.

Претходно специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје согласно проектот  постави вкупно 10 столбови носачи на светлечките телаод семафорот, од кои 6 за возачи, 12 за пешаци и 4  одбројувачи на време.

Ова е шестата раскрсница во Кавадрци  каде сообраќајот ќе се регулира со семафор.