Со фугирањето на павер елементите, заврши поплочувањето на дел од улицата „12 Другари“ во Ваташа.
Оперативата на фирмата „Инвест груп“ согласно проектот постави бекатон коцки на вкупна површина од 1200м2 на улиците „12 Другари“ и спојот со ул. „Методи Џунов-Џико“ кај „Калница“.
За оваа намена општина Кавадарци инвестираше вкупно 1.200.000 денари од кои сретства во износ од 980.000 денари беа наменети за поплочување на улицата „Методи Џунов-Џико“, а останатите 280.000 денари за улицата „12 Другари“
Со овој зафат општина Кавадарци им излезе во пресрет на барањата на жителите на улицата која гравитира над фудбалското игралиште на ФК „Габер“ кои од сега натаму ќе се движат по урбанизиран и оплементе простор без да газат кал и прашина.