Оперативата на изведувачот „Градба промет“ работеше на поставување рабници покрај коловозните ленти и на формирање на кругот од новиот кружен тека на раскрсницата меѓу улицата „Блажо Алексов“ и Булеварот „Видое Смилевски“.
Со овој зфат се поставија граничните линии и се оформи ликот на третиот кружен тек во Кавадарци. После ова ќе следат завршните работи од изградбата на ова сообраќајно решение со асвалтирање на коловозните ленти и хортикултурно уредување.
Од изградбата на овој кружен тек општината очекува создавање услови за побрз проток, како и зголемена безбедност во одвивањето на сообраќајот во овој фрекфентен источен влез во Кавадарци од правецот на Неготино и автопатот е-75.