Општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Инвест груп“ продолжува со проектот за реконструкција на тротоарот од улицата „Страшо Пинџур“.
Во оваа фаза се работи на бетонирање со зрматура на делницата од левата страна на улицата во правец од Кавадарци кон Ваташа со вкупна должина од 350 метри. Предвидено е да се изврши поставување на фин бетон на тротоарот од спојот со „Желков дол“ се до платото пред зградите бр 63 пред објектото на МЗ „Слога“.
На овој дел стариот трортоар беше целосно руиниран и небезбеден за нормално движење на пешаците.
Општината со неговата реконструкција ќе создаде услови за побезбедно движење на граѓаните од Ваташа и Кавадарци кои интензивно го користат овој тротоар.