Оперативата на фирмата „Инвест груп“ денеска на улицата „4 Јули“ постави нова асвалтна подлога на вкупна површина од 1200м2,со дебелина од 5 сантиметри.

Новиот асвалт се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асвалтната подлога општината инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба.

Според програмата за комунална изградба, општина Кавадарци најпрвин преку Јавното претпријатие „Комуналец“ изврши комплетна замена на старата и дотраена бетонска канализациа со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм. Беа обновени вкупно100 должни метри, со 12 пропратни приклучоци.

Со овој проект општината Кавадарци изврши целосна ревитализација на подземната и надземната инфраструктура на оваа улица, која се наоѓа во централното градско подрачје.