ПРОБИЕН И УРЕДЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ“

Како дел од комуналната изградба општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Урбан инвест“ го реализираше проектот за поплочување на крак од улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кавадарци.

По претходно извршена експропријација се создадоа услови за пробивање на крак од улицата со кој им се овоозможи слободен и урбанизиран пристап на жителите на неколку куќи од овој дел на градот до улицата „Кузман Јосифовски -Питу“.

Откако се изврши трасирање на кракот од улицата и беа поставени рабници и тампон, денеска заврши последната операција со поставување на бехатон коцки на вкупна површина од 270м2.

Општината само за изведување на градежните работи на улицата инвестира 377.828 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунални работи од општинскиот буџет.