Комуналната изградба во делот на улицита стартуваше со нов поголем проект согласно кој ќе бидат ревитализирани коловозните ленти на неколку значајни сообраќајници во градот.
Механизацијата и работниците на фирмата „Изолација“ од Скопје денеска започнаа со гребење на стариот и оштетен асфалт на значаен дел од улицата „Ѓоре Брушански“. Во оваа фаза од нејзината ревитализација ќе бидат изгребани вкупно 2 400м2 оштетен коловоз, по што ќе следи поставување на нов слој асфалтна подлога.
Општината Кавадарци во сколоп на оваа градежна кампања ќе ги ревитализира и нај оштетените делови од улиците „Браќа Џунови“, „Народни херои“ и улицата „Дисанска“.