Крпење ударни дупки во Сопот и Марена

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ привршува со редовното крпење на ударните дупки. Се работи на санирање на оштетувањата на улиците во селата Сопот и  Марена.

Во селото Марена се интервенираше на површина од 195м2, додека во селото Сопот се „закрпиа“ оштетувања на асфалтот од улиците на површина од 170м2. За крај од оваа кампања за санирање на ударните дупки, механизацијата ќе работи на “крпење“ ударни дупки на површина од 150м2 на неколку улици во градот.

Со оваа кампања на општината се санирани  оштетувања на улиците во Кавадарци и селата на вкупна површина од 800м2.

Акцијата се спроведена на повеќе улици низ градот, со што се „закрпиа“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде има и најголем интензитет на сообраќај.

Општината за оваа намена инвестира 720.000 денари од буџетот, а по санирањето на оштетувањата на асвалтот од градските како на улиците во неколку села општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.