ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ул. „ЛАЗО АСИЈАТА“

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Ас Машини“ го реализираше проектот за пробивање и изградба на улицата „Лазо Асијата“ веднаш до „Турските гробишта“. Вкупната должина на улицата изнесува околу 200 метри и површина од 600м2.

Проектот предвидуваше поплочување на површина од 400м2, односно на две третини од улицата со бехатон коцки, додека површината од 200м2 како дел од завршните работи се покри со бетон.

Согласно проектот, бетонот е послан на  стрмниот дел на улицата од спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“, додека павер елементите (бехатон коцки) се поставиа на нејзиниот порамен дел.

Изградбата на оваа улица е на барање на жителите од овој дел на градот. Со пробивањето на овој крак општината им излезе во пресрет, па сега пристапот до нивните домови до главната улица е скратен.