ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

Во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба, општината Кавадарци започна со проектот за изградба на дел од тротоарот на улицата „Дисанска“.

Се работи на подготовка, тамопнирање и полочување на површина од 500м2, со приоритет на страната каде се наоѓаат индивидуалните станбени објекти.

Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Ас Машини“ која согласно проектот покрај поплочувањето треба да вгради и 220 метри големи и мали ивичници.

За оваа намена општината инвестира 1.050.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комунална изградба.

По реализацијата на овој проект, општината на овој дел од улицата ќе обезбеди понормални услови за движењето на пешаците во овој дел на населбата „Парк“.