ПРВ ПЕШАЧКИ ПРЕМИН НАЦРТАН ВО ТРИДЕМНЗИОНАЛНА ТЕХНИКА

Во склоп на манифестацијата „Извиднички караван“ која се одржа во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во Кавадарци,  ден потоа група од четворица извидници од Скопје ја реализираа и последната активност.

На постојниот пешачки премин кај  ООУ „Страшо Пинџур“ тие ја обновија „пешачката зебра“ но овојпат цртајќи ја во тридеминзионална техника.

Применувајќи ја перспективата, тие со бела, црна и сива боја исцртаа пешачки премин кој од далечина кај возачите  создава виртуелна слика на подигната бела линија, по што тие ја намалуваат брзината.

Акцијата на исцртување на првиот 3 Д пешачки премин на улицата „Димката Ангелов -Габерот“ ја спопнзорираше општина Кавадарц, во соработка со извидничкиот одред „Соколи“ од Кавадарци и Сојузот на извидници на Македонија.