РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

Општината Кавадарци со концесионерот за одржување на јавното улично осветлување „Павер трејд“ од Кавадарци работат на оспособување на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

Според проектот за ревитализација извршена е замена на оштетената и украдена подземната нисконапонска инсталација, како и на каблите во канделабрите.             Изведувачот деновиве работеше на замена на светлечките тела со поставување на еколошки ЛЕД светлечки тела со јачина од 30 вати. Во оваа фаза приоритете е да се оспособи осветлувањето на главната патека од влезот во паркот се до спомен костурницата.

Со овој зафат во функција ќе биде ставено и јавното осветлување на „Костурницата“ каде на постојните канделабри за амбиенатлно осветлување ќе се постават 5 рефлектори, а ќе се обноват и светлечките тела на останатите канделабри.

Веднаш по ова во наредната фаза ќе се репарираат и канделабрите во останатите делови од градскиот парк, со што тој ќе биде достапен и побезбеден за граѓаните и во вечерните часови.

Работите од ревитализацијата на јавното осветлување во градскиот парк е во рамките на тековното одржување.