Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ продолжуваат со одбележувањето на хоризонталната патна сигнализација на сообраќајниците во градот.
Оперативата на ЈП „Комуналец“ работеше на одбележување на пешачките премини на раскрсницата меѓу улицата „Шишка“ и Булеварот „Видое Смилевски“ кај шумарското училиште.
Со ова се заокружи одбележувањето на улиците кои се спојуваат во новиот кружен тек кај мостот „Белка“.
Акцијата за обновување на хоризонталната патна сигнализација продолжува.