НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПИОНЕРСКА“

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба реализира проект за подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.

Фирмата „Стентон градба“ од Битола која е изведувач на работите започна со градежни активности за поставување нова атмосферска канализација на улицата „Пионерска“.

Се работи за целосно нова линија во должина од 265 метри на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“  каде новата линија че се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.