УЛИЦАТА „СТРУШКА“ АСФАЛТИРАНА

Оперативата на фирмата „Изолација“ изврши асфалтирање на улицата „Струшка“ со целосно нов слој на површина од 1340м2.

Со ревитализација е опфатен делот од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“.

Од сметка за комунална изградба општината инвестира 2.100.000 денари.

Во оваа кампања се реконструираа една улица во селото Марена, потоа улицата „Јован Планински“ улицата „Струшка“.

Ќе следува асфалтирање на улиците „Владимир Назор“, и „Дисанска“.