Општината Кавадарци во екот на градежната сезона паралелно ја реализира програмата како во градот така и во месните заедници на село.
Според програмата за комунална изградба, а согласно договорот за изведување јавна набавка фирмата „Павер трејд“ работи на поплочување на две улици во селото Марена со вкупна површина од 485м2.
Деновиве при крај е поставувањето на павер елементи на улица позади објектот на фирмата „Малерич“ која започнува од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Неготино и води до дворовите на повеќе куќи на жители од село Марена.
Со овој комунален проект општината обезбеди урбанизиран пристап за овие граѓани.