Привршува реализацијата на втората кампања која општина Кавадарци ја спроведува за реконструкција на улици во градот и селото Марена.
Оперативата на фирмата „Изолација“ изведува асфалтирање на дел од улицата „Владимир Назор“ во населбата „Голи Оток“.
Согласно проектот се асфалтира површина од 950м2 за што се предвидени средства во износ од 1.259.000 денари. Парите се обезбедени од буџетото на општината, сметка за комунална изградба.