Програмата за комунална изградба предвидува и санација со прередување на улици каде бехатон коцките се во употреблива состојба.
Деновиве оперативата на фирмата „Ас машини“ од Кавадарци работи на прередување на павер елементите од улицата „Диме Поп-Атанасов“ на потегот од спојот со ул „Пионерска“ до спојот со ул „Ресавска“ кај првиот Триаголник.
Со прередувањето на павер елементите ќе се санираат вдлабнувањата и испакнатините на улицата на површниа од 530м2.