Комуналната изградба во општината Кавадарци се одвива непречено. Оперативата на фирмата „АС Машини“ деновиве работи на прередување на павер елементите на улицата „Клинска“ во населбата „Брушан маало“.
Согласно програмата се работи на прередување на површина од 330м2 од улицата.
Општината за оваа намена има предвидено сума од 300.000 денари,. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комуна изградба.