Проектот на општина Кавадарци за ревитализација на атлетската патека на Спортскиот центар „Јасмин“ влегува во поодмината фаза од изградбата.
Работниците на „Градба промет“ ги поставија последните рабници од внатрешниот круг со што ја оформија новата контура на атлетската патека околу фудбалскиот терен. Општината овде ќе постави асфалтна подлога, која ќе ја замени досегашната земјена патека. Со асфалтирањето во многу ќе се подобрат перформансите на патеката, со што на многубројните рекреативци општината ќе им создаде подобри услови за спортување и рекреација.
Паралено со градежните работи, општината работеше и на подобрување на јавното осветлување кое набрзо че биде ставено во функција за ноќна рекреација на спортскиот центар „Јасмин“.